На денешната трибина во „Кампот на слободата пред Влада“ на тема „МРТ – Јавен сервис на граѓаните или огласна табла на Владата“, беше прочитана пародизирана верзија на програмската шема на јавниот сервис, напишана од вработени во телевизиската куќа кој е изреволтиран од уредувачката политика.
Според оваа верзија, програмата на МРТ е во целост посветена на ликот и делото на премиерот, Никола Груевски.
8.00 – утринска програма – „Што сонувал премиерот?“
10.00 – ексклузивно за МРТ – премиерот појадува
11.00 – реприза по 137-ми пат на 13-тата седница на Владата на Република Македонија
13.00 – ексклузивно за МРТ – премиерот оди пешки до Влада
14.30 – прес конференција на премиерот за новите седумнаесет сменети сијалици во Владата
Во главниот дневник премиерот ја обвинува опозиција за појавата и ширењето на туларемија
23.00 – премиерот си легнува
23.02 – кабинетот на премиерот демантира дека си легнал, Владата работи 24/7