Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Од:

Најстудено утрово е во Берово, -3 степени Целзиусови, а максимални 5 степени се измерени во Охрид.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, -1 степен е во Лазарополе, 0 во Скопје–Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица, 1 во Крива Паланка, Прилеп, Куманово и Маврови Анови, 2 во Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 3 во Скопје–Зајчев Рид и Крушево, како и 4 во Претор и Виница.

Изминатите 24 часа наврнале и 3 литри дожд на единица површина во Скопје-Петровец и Попова Шапка, 2 во Крива Паланка и Претор, како и 1 во Скопје-Зајчев Рид и Тетово.

Утрово по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје, наутро во делови од котлината магливо.

Во текот на денот претежно сончево.

Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала