А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Утревечер ќе светне новогодишната елка во Скопје

by А1он06/12/2018 - 12:3406/12/2018 - 12:34380
Share0

Осветлувањето на Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ во Скопје, закажано за утревечер, во 19 часот, ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во во главниот град.

Следете a1on на Instagram Instagram

На осветлувањето на новогодишната елка ќе присуствува и градоначалникот Шилегов, кој ќе ја отвори и новогодишната населба Винтерленд, која како што наведуваат до Град Скопје, дополнително ќе придонесе за празничниот амбиент во градот, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

„Осветлувањето на елката ќе го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје – ‘Никола Карев’, ‘Раде Јовчевски Корчагин’, ‘Јосип Броз Тито’, ‘Орце Николов’, ‘Кочо Рацин’, ‘Васил Антевски Дрен’, ‘Владо Тасевски’, ‘Зеф Љуш Марку’ и ‘Панче Караѓозов’, кои околу половина час ќе изведуваат Божиќни песни. Средношколците на плоштадот ‘Македонија’ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот ‘Македонија’“, се наведува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градските власти појаснуваат дека просторот околу елката е уреден како Новогодишна населба со украсени куќички во зимски амбиент и катчиња за игра и смеа. Во населбата со име „Винтерленд“ (Зимска земја) ќе има и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе имаат за цел да го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста.

„Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. Просторот околу елката, пак, ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички“, истакнуваат од Град Скопје и воедно ги повикуваат сите граѓани да дојдат на Плоштадот за заеднички да ја почувствуваат новогодишната магија.

Во центарот на градот ќе има и официјална празнична програма чиј почеток е најавен за 15 декември.

skopje

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео