Утре, во Основното училиште „11-ти Октомври“, официјално ќе бидат отворени спортските игри „Центар 2015“.
Повеќе од 350 ученици-спортисти од училиштата во општина Центар, со 30 екипи ќе се натпреваруваат во 5 спортови: кошарка, фудбал, ракомет, одбојка за девојчиња и шах.
Први, силите на паркетот ќе ги одмерат учениците од ОУ „11-Октомври“ и ОУ „Димитар Миладинов“.
Ќе има и забавен дел на кој ќе настапат Дани, Try 2 Fly и танчерското студио Break a leg.
Општина Центар годинава за прв пат ги воведува спортските игри, кои ќе траат цела година.
Целта е развој на спортскиот и натпреварувачкиот дух кај младите.
Општина Центар обрнува особено внимание на развојот на спортот во училиштата и затоа, современи и реконструирани спортски сали добија основните ОУ „Ј.Х.Песталоци“, ОУ „Коле Неделковски“, како и ОУ „Гоце Делчев“.