Утре и задутре без струја повеќе делови од Скопје

Од:

Поради закажани технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Гази Баба, Арачиново, Кисела Вода и Карпош.

Во периодот од 10:55 до 12:55 часот без струја ќе бидат делови од населба Ченто, хангарите на патот за Арачиново во Гази Баба, од 08:55 до 10:55 часот делови од селата Орланци, Мојанци и Арачиново, во општина Арачиново, од 08:30 до 10:30 часот делови од улицата Пандо Кљашев во Кисела Вода и од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од ул. „Његошева“ во Карпош.

Прекин во снабдувањето со струја ќе има и на 3 мај (четврток) и тоа од 08:30 до 17:00 часот корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – подулиците 23, 25, 27, 29, 31, 33, 35, 37, 39, 40, 42, 44, 46, 48 и други подулици во непосредна близина, во општина Аеродром.

Истиот ден во период од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисници од дел од село Орман до пругата, во Ѓорче Петров, од 10:00 до 12:00 часот делови од улиците „Герника“, „Киро Фетак“ и „Ратко Митровиќ“ во близина на туланата во Драчево, како и фирмата „Марлес“ во Кисела Вода) и од 09:00 до 13:00 часот дел од селата Бразда и Чардак во општина Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош