Здружената опозиција за утре во 12 часот, најавува протест пред седиштето на Основен Суд Скопје 1 против полициско-политичките апсења.
Одредувањето на мерка притвор за претседателот на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ на Центар, Мирослав Шиповиќ, за опозицијата е провидна намера на власта за да се замолчи и да не се вадат документите за криминалот и корупцијата не само за проектот „Скопје 2014“, туку и за други криминали во кои се вклучени високи структури од владините редови.
Мирослав Шиповиќ, едногласни се во опозицијата нема никаква основа да биде обвинет, а уште помалку да му се одреди мерка притвор, бидејќи, посочуваат се враќа во Македонија и нема елементи дека може да побегне или да го повтори делото.
Ова е само континуиран напад на власта за да и наштети на општината и градоначалникот Жерновски.
Власта и по 5 месеци, велат, не може и не сака да се помири со фактот дека ја загуби општина Центар и довербата на жителите.