Граѓаните преку социјалните мрежи и групата„ Оставка на Тодоров“ организираат марш утре (вторник) 24.02.2015. Се поаѓа од пред Фонд за здравство (зградата на „Црвен крст“Југодрво) во 12 часот, а маршот „Црвен картон за Тодоров завршува пред Министерството за здравство. Еве што стои во повикот на граѓаните:
#ОставкаЗаТодоров
1. Оставка од Министерот за здравство, Никола Тодоров!
2. Оставки од директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ): – м-р Маја Парнарџиева-Змејкова – Џемали Мехази
3. Оставки од членовите на Управниот одбор на ФЗОМ, како одговорни лица во Фондот за здравствено осигурување: – Ангел Митевски – претставник од Министерството за здравство – Елена Трпковска – претставничка од Министерството за финансии – проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска – претставничка на Стопанската комора на Македонија – д-р Љубиша Каранфиловски – доктор на стоматологија, член на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Р. М. – д-р Јосиф Трајковски- претставник на Стоматолошката комора наМакедонија, – прим. м-р д-р Илија Глигоров – претставник од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија – проф. д-р Горан Коевски, претставник на осигурениците, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
4. Оставки од членовите на првостепената и второстепената лекарска комисија, особено од: – проф. д-р Владимир Поповски, претседател на Стоматолошката комора на Македонија – проф. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести – проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.
5. Кривична одговорност за директорите, членовите на Управниот одбор и од првостепената и второстепената лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување, поради несовесно работење во рамки на својата служба.
6. Избор на независни и стручни одговорни лица во Фондот, кои ќе одлучуваат единствено во интерес на граѓаните, без да калкулираат со човечки животи.
7. Избор на компетентен министер за здравство, кој ќе ги слуша и решава проблемите на пациентите.
8. Квалитетен, ефикасен и достапен здравствен систем за сите граѓани на Р. Македонија.
9. Еднаков пристап на сите граѓани до потребните здравствени услуги. Бараме правда за Тамара, но и за сите граѓани, поради тоа што имаме право на живот!