За утре во 11 часот, претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа продолжението на 6-та седница. По тринаесет дена маратонски дискусии реплики и контрареплики на своите сопартијци, ВМРО-ДПМНЕ се откажа натамошна дебата и ја напушти салата со што се исцрпи списокот на пријавени.
Утре како прва точка ќе биде гласањето за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
За Џафери ставот на Антикорупциската комисија дека не смее сега се менува Зврлевски е незаконско и ги прекршува Уставот и Деловникот.
Во член 67, став 2, од Законот за јавно обвинителство пишува дека јавниот обвинител на Република Македонија се разрешува од функцијата јавен обвинител пред истекот на мандатот: поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата.
Во членот 40 од Законот за јавното обвинителство пишува дека јавниот обвинител, по предлог на Владата го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.