Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради две трки

Од:

Во Скопје утре ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот.

Утре со почеток во 07:00 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, при што сообраќајот ќе биде затворан во три интервали од по пет минути — од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот.

Стартно-целна позиција е во комплексот „Македонско село“ и траса на движење по дел од јавниот пат од комплексот „Македонско село“ – село Горно Нерези (кај џамијата) по што трасата продолжува по планински патеки.

Утре со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи и улична трка во организација на Сојуз на спортови на Скопје. Трасата почнува од булеварот „Илинден“, кај фонтаната „Лотус“, продолжува до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде што учесниците ќе се вртат полукружно и ќе се враќаат назад до стартната позиција.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, при што возилата ќе се пренасочуваат по околните улици.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за безбедно и непречено одвивање на настаните.

Би можело да ве интересира

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка со велосипеди, ролерки, тротинети и бебешки колички

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од утре до понеделник посебен режим на сообраќајот во Скопје

Поради меѓународна ноќна атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради снимање филм, утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Катерина Ѓуровски