А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Утре почнува 10. „Баскерфест“

by А1он11/06/2015 - 14:50165
Share0

Годинашново 10. издание на првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија „Баскерфест“ ќе почне утре, на плоштадот „Филип Втори“. Фестивалот ќе трае до 13 јули, низ 14 градови во Македонија.

Добивај вести на вибер

На денешната прес-конференција детали за фестивалот соопштија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, Пане Темов и Тина Мицковска од организаторот „Темов“ и Катерина–Хаџи Ангелеска, претставник од „Пивара“ – Скопје.
– За време на викендите ќе има две бини, а во работните денови три, каде уличните уметници ќе ги изведуваат своите точки во текот на денот. Во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи од странство и од Македонија, рече Трајановски.

Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје, за што се одвоени 900 илјади денари.

За оваа година најавено е учество на околу 100 баскер-изведувачи од целиот свет. Покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во пивската градина. Жонглери, брејкденсери, куклен театар, одење по жица и перформанси со оган се само дел од програмата на годинашниов театар на отворено „Баскерфест 2015“.

Годинава новитет е тоа што првпат секојдневно ќе има и детска креативна работилница каде најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер изведувачите и да се едуцираат.

– Со текот на овие 10 години, овој фестивал стана препознатлив бренд за нашиот главен град и еден од најуспешните културно-забавни проекти поддржани од Град Скопје. Ги повикувам граѓаните на дојдат и да се забавуват на отворено, изјави Трајановски.

Пане Темов по повод 10. роденден најави голем број изненадувања за присутните и артисти од Чиле, САД, Куба, Албанија Србија, односно учесници од 23 земји.
Мицковска ги повика граѓаните да дојдат и да ги посетат детските креативни работилници, настапите на артистите од 18 до 22 часот, како и пивската градина која ќе понуди забава до еден часот по полноќ во текот на неделата, а до два часот по полноќ за време на викендите.

Хаџи Ангелеска истакна дека ги поддржуваат настаните кои се со интересна и едукативна содржина, каква што има „Баскерфест“.

baskerfest

Би можело да ве интересира

Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Наум Локоски23/06/2017 - 08:34

Баскерфест и Гурмански викенд во Кавадарци

Емир Латифовиќ18/06/2016 - 10:56

Почна Баскерфест 2016

Предраг Петровиќ11/06/2016 - 21:31

Утре започнува БАСКЕРФЕСТ во Скопје

Емир Латифовиќ05/06/2014 - 15:59

„Баскерфест“ во Гевгелија

Емир Латифовиќ29/05/2014 - 16:28

Време е за Баскерфест 2014!

Емир Латифовиќ27/05/2014 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен