Утре ќе се прска против комарци

Од:

Започнува прскањето против комарци во Скопје. Утре ќе се направи авионско прскање против ларвите, во периодот од 8 до 14 часот.

Како што информираат градските власти, ќе бидат опфатени сите мочуришта и канали во Скопје и околината, а ќе се прска и по текот на реката Вардар.

Во случај да врне, авионското прскање ќе биде одложено за неколку дена.

Инаку, според планот, годинава треба да бидат направени четири прскања против комарци. Од Градот најавуваат дека ако има потреба, бројот на прскања ке се зголеми.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ