Утре ќе се прска против комарци во Охрид

Од:

Центарот за јавно здравје Охрид утре ќе спроведе теристичка дезинсекција протви комарци.

Запрашувањето од земја, како што информира општина Охрид, ќе се врши во периодот од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река.

Од општина Охрид апелираат до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови, односно ветер или дожд дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник