Утре истекува рокот за парична помош за првачиња

Од:

Утре истекува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром.

Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвоила 3.100.000 денари, информираат оттаму.

„Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се преземе од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода