Утре без струја и вода делови од Скопје

Од:

Поради технички зафати во електро-мрежата утре од 06:20 до 07:30 без струја ќе бидат корисниците од селоГрушино во општина Арачиново, а од 08:30 до 15:30 корисниците од дел од улиците „Тасино Чешмиче“, „Периша Савелиќ“ и „Тодор Александров“ во општина.Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје (РЦУК).

Струја утре од девет до 11 часот ќе нема и на делови од ул. „Иван Цанкар“ ( од бр. 69 до бр. 121) во општина Карпош, од улиците „Гогољ“, „Фредерик Шопен“, „Томе Арсовски“ и „Огњан Прица“ во општина Кисела Вода, а од девет до 17:30 часот корисниците од ул. „Пандел Шишков“, ( од бр. 26 до бр. 38 ), бул. 3 – та Македонска бр. 316 и ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 1 во општина Аеродорм.

Како што соопшти РЦУК Скопје, поради отстранување дефект во водоводната мрежа утре од девет часот ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„ Даме Груев“ бр. 7 кај корисниците на потегот помеѓу улиците „Св. Кирил и Методиј“ и „Димитрие Чуповски“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз