Утре без струја дел од општините Карпош и Студеничани

Од:

Во понеделник без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат дел од корисниците во општините Карпош и Студеничани.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“ АД, без струја во периодот од 05:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од с. Батинци и с. Љубош во Општина Студеничани.

Во општина Карпош пак, во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Радобил и дел од ул. Де Вол, во периодот од 10:00 до 12:00 часот дел од корисниците од улиците „Киро Гавриловски“, „Славе Деловски“ и „Елисие Поповски Марко“, а од 09:00 до 11:30 часот корисниците од Визбегово и околината.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош