Утре без струја дел од корисници во неколку скопски општини

Од:

Поради зафати во електро-системот утре од 12 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Тетовска“  во Општина Центар, а од 9:30 до 15 часот од улиците „Рељо Шесто Крило“, „Метохиска“ и „Индира Ганди“ и корисниците од ул. „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари.

Според Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре од 09:30 до 14:30 часот  ќе нема струја во Батинци и дел од село Љубош, во општина Студеничани, од 8 до 16 часот дел од корисниците од улиците „Козле“, „Милан Марковиќ“ и „Илија Плавев“ во Општина Карпош, од 12 до 14 часот  на ул. „Кавалска“ во  општина Кисела Вода, од 9 до 14:30  часот  дел од Старата Скопска Чаршија  во Општина Чаир,   од 8:30 до 12 часот од ул.„Димо  Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода, од 8:30 до 12 часот  „3-та Македонска Бригада“ во општина Аеродром и од  9:30 до 15 часот Бул. „Илинден“  бр.90 и 92  и околината  во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата