Усвоени повеќе предлог-одлуки на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Од:

Во мирна атмосфера, без расправа и едногласно денеска членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.

Костадин Костадинов, член на Комисијата, информира дека откако Собранието на седница одржана на 27 октомври 2020 година ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски, Мухамед Зекири, Сања Лукаревска и Бајрам Реџепи, на истата седница беа верифицирани мандатите на новите пратеници Мирче Аџиоски, Рина Ајдари, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска. Тој информира дека поради овие причини е потребно да се направат измени во составот на работните тела на Собранието.

Пред почетокот на седницата координаторот на пратеничката група на ДУИ доставил предлози за измени во составот на работните тела, односно во Законодавно-правната комисија, во Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и во собраниските комиси за одбрана и безбедност, за економски прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и за европски прашања се предлага Рина Ајдари.

Со 9 гласа „за“ и без ниту еден против или воздржан, членовите ја утврдија и предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија. Исто така, со 9 гласа „за“ и без против и воздржани, членовите ја утврдија и Предлог – одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на седницата предложи да се направат напори и да се формираат уште делегациите за соработка со другите парламенти и Националниот совет за евроинтеграции. Апелираше да се испрати циркуларно писмо или да се направи состанок со координаторите на пратеничките групи за да формираат овие, како што рече, битни тела. Костадинов информира дека го прифаќа апелот и оти веќе се препратени писма до сите надлежни.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики