Усвоена Стратешка рамка за соработка на комисиите за еднакви можности

Од:

Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените денеска усвои Стратешка рамка за соработка со локалните комисии, на која присуствуваа претставници од многу општини во земјата. Најавено е потпишување на меморандум за соработка на Комисијата со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Стратешката рамка беше предложена од Македонското женско лоби и Евро-Балкан, поддржан од UNWOMEN, откако беше утврдено дека има потреба за поголемо ниво на соработка меѓу комисиите на локално и на национално ниво. Комисијата за еднакви можности на претходната седница го прифати нивниот предлог.

– Овојпат ние го доразработувавме документот, кој се базира на една точка од Стратегијата за родова рамноправност односно на комисиите за еднакви можности, бидејќи нивното работење не е доволно разработено, вели пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, претседателка на Комисијата.

Стратешката рамка предвидува редовна комуникација на локалните комисии со националната, посета на локалните комисии, нивни претставници да учествуваат на јавни расправи, да се обезбедат упатства за членовите на комисиите за начинот на работа, база на податоци на сите вклучени во оваа насока, да се обезбедат прирачници кои ќе ги содржат сите закони, стратешки документи во државата и надвор што се однесуваат на родовата рамноправност, предвидуваат менторски обуки, конкретни средства за функционирање на локалните комисии и годишни извештаи.

Поповска рече дека општините обезбедуваат средства за функционирање на локалните комисии за еднакви можности помеѓу мажите и жените.

– Имаат некакви средства, но немаат доволно и затоа понекогаш се случува советници да не можат дојдат на наша јавна расправа во Скопје, рече пратеничката.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог