Усвоен законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 29. седница во второ читање го усвои Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност чија цел е намалување на сивата економија, зголемување на бројот на работни места, унапредување на работничките права, сузбивање на нелојалната конкуренција, намалување на затајувањето и евазија на данок и заштита на потрошувачите.

Тој треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа работата и услугите во домаќинствата, работата за сопствени потреби, соседската помош и семејната помош, работата во итни и вонредни ситуации…

Со законското решение се дефинира нерегистрираната дејност како дејност која ја врши правно лице кое не е запишано во посебните регистри утврдени со закон, не поседува законски пропишан акт, вршење дејност од страна на физичко лице која не е регистрирана кај надлежен орган, како и вршење дејност од страна на физичко лице без да поседува пропишан акт за исполнување на условите за вршење на дејноста, како и кога правни и физички лица вршат дејност спротивно на забраната за вршење дејност изречена од надлежен орган.

Со законот се утврдуваат и повеќе исклучоци, односно за нерегистрирана дејност нема да се смета работа за сопствени потреби, семејна и соседска помош, продажба на лични и користени предмети, работа која се врши без финансиски надомест или друга материјална корист, работа која не се извршува редовно, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците. За нерегистрирана дејност нема да се смета ниту дејноста која ја вршат физички лица преку продажни места на организирани зелени пазари кои се регистрирани во УЈП, како и услугите за потребите на домаќинствата, како за поправки, ангажирање куќни помошнички.

Законот ќе почне да се применува три месеци по неговото донесување.

Во второ читање Собранието ги усвои измените и дополнувањата на законите за Централен регистар, за угостителска дејност и за контрола на извозот на стоки и технологии со двојна употреба.

Измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар треба да утврдат надлежност на Централниот регистар да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочна санкција и да ги пропише условите за формирање прекршочна комисија во рамките на Централниот регистар и нејзините надлежности за изрекување на прекршочните санкции за прекршоците кои се утврдени со Законот за трговските друштва.

Пратениците ги усвоија во второ читање и законските измени за административни службеници и за вработените во јавниот сектор, за домување, за постапување со бесправно изградени објекти и за просторно и урбанистичко планирање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски