Усвоен првиот квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје

Од:

„На денешната единаесетта седница на Советот на Град Скопје беше усвоен првиот квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Овој извештај претставува рамка во која се прикажува остварување на приходите и реализација на расходите во Буџетот заклучно со март 2018 година.

Во рамки на очекувањата за овој период од годината, остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено.

Вкупните приходи во периодот јануари – март 2018 година се остварени во износ од 1,1 милијарди денари што претставува 17 проценти во однос на планот за 2018 година.

– Се бележи зголемување од 2 проценти во остварувањето на приходите на вкупниот буџет на Град Скопје за првиот квартал од 2018 година во однос на истиот период минатата година, што оди во прилог на одржување на позитивната динамика на остварување на приходите. Задржана е истата динамика на остварување на приходите во последните 4 години – кажа градоначалникот Шилегов.

Во структурата на вкупно остварените приходи со најголем процент – 47,4 проценти учествуваат даночните приходи. Приходите од трансфери и донации учествуваат со 39,5 проценти, капиталните приходи со 7,2 проценти и неданочните приходи со 5,9 проценти.

На долг рок овој пристап обезбедува подобрување на перформансите при реализација на планираните проекти во Буџетот на Град Скопје“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања