Усвоен Кварталниот извештај на општинскиот буџет на Гевгелија за првите три месеци од годинава

Од:

Советот на општина Гевгелија на седница која траеше скоро девет часа, синоќа го усвои Кварталниот извештај на општинскиот буџет за периодот од 1 јануари до 31 март 2018 година, период во кој се реализирани приходи во висина од 87,4 милиони денари или околу 9 отсто од планираните. Од нив 82,5 милиони денари се тековно оперативни приходи и 4,8 милиони денари капитални приходи.

Приходите на основниот буџет изнесуваат 36,7 милиони денари или 6 отсто од планираните 610,4 милиони денари, а реализираните расходи во извештајниот период изнесуваат 73,2 милиони денари.

Реализацијата на буџетот во првиот квартал од 2018 година советниците од опозицијата ја оценија како многу слаба, особено реализацијата на основните приходи кои се под 10 отсто. Советниците од позицијата пак велеа дека повеќе не можело да се реализира поради недомаќинското работење на претходниот градоначалник, како и поради ненамирените обврски од 133 милиони денари.

Градоначалникот Сашо Поцков ја потенцираше својата дилема кога стапил на функцијата дали да распишува нови јавни набавки или да ги изменаџира веќе започнатите и затекнати капитални проекти кои, според него, требало да се доведат до крајна реализација.

– Се решив за ова второто водејќи се од народната поговорка да се пушти чергата толку колку што се долги нозете и во такви услови успеавме вкупниот долг на општината да го намалиме за 10 милиони денари, рече Поцков.

Мнозинството од советниците не ги прифатија точките на јавното комунално претпријатие од Гевгелија кои се однесуваа за работењето и финансискиот ефект од него во изминатата 2017 година.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски