Усвоен концептот на националната структура за водење на процесот за зачленување во НАТО

Од:

Владата на денешната седница го усвои Концептот на националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.

Како што соопшти на денешната прес-конференција националниот координатор на РМ за НАТО Стево Пендаровски, во националната структура има три дела. На највисоко политичко ниво ќе има Комитет за интеграција во НАТО, второто тело е Работен комитет за интеграција во НАТО, а третото тело е Секретаријат за Оперативен логистички план.

– Во Комитетот за интеграција ќе бидат претставници од сите тела, органи и институции кои имаат каква било поврзаност со НАТО-интеграцијата, рече Пендаровски и додаде дека ова тело ќе го предводи премиерот Зоран Заев.

Второто тело, односно Работниот комитет, како што појасни Пендаровски, ќе ги спроведува одлуките на Политичкиот комитет за интеграции.

Пендаровски рече дека третото тело е Секретаријатот на целиот тим кој ќе биде надлежен за оперативна логистичка поддршка на Работниот комитет за интеграција во НАТО.

– Во наредните неколку месеци Македонија треба да потврди дека целосно ги прифаќа сите одредби од основачкиот документ со кој НАТО Алијансата е формирана, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он