Усвоен е амандманот на СДСМ во Град Скопје – повисоки плати за вработените во градската администрација

Од:

На предлог на советничката група на СДСМ, денеска Советот донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за повисоки плати за вработените во Град Скопје.

Согласно одлуката, од ставката Привремени вработувања се одземаат 12 милиони денари и истите се префрлуваат на ставката Основни плати.

„Со ова, се обезбедуваат повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината, за 470 лица вработени во градската администрација без јавните претпријатија и противпожарната служба. СДСМ, преку својата советничка група и нејзините надлежности ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и Градот Скопје“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

А1он

Витина: Продолжуваат градежните активности на дивоградбата на 100 метри од полициска станица

А1он

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар