Усвоен деловникот за работа на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР

Од:

Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на денешната прва седница без расправа едногласно го усвои Предлог-деловникот за работа на Комисијата.

Со денешната седница претседаваше пратеникот Иван Иванов, овластен од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во отсуство на претседател и заменик-претседател кои треба да бидат од редовите на опозицијата.

На седницата беше присутен и директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев.

Надлежности на Комисијата, според Предлог-деловникот, се прашања кои се однесуваат на: почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони, законитоста во спроведување на овластувањата на УБК и на АР од аспект на пречечекорувања на овластувањата, преземање на неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето спротивно на нивните права утврдени со закон, методите и средствата што ги користат УБК и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост, како и воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор.

Комисијата за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија. Инаку, Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР има претседател, осум члена, заменик-претседател и осум заменици-членови.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи