Уставните судии пред одлука дали исклучените граѓани ќе плаќаат за парно греење што не го користат

Од:

Уставниот суд денеска ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест.

Приближно 12 илјади домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергоија секој месец плаќаат паушален износ од 500 до 1.200 денари. Граѓаните револтирани од ваквата одлука со години претестираат пред Регулаторната комисија за енергетика. Во 2009 година Уставниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им беше наметната обврска да плаќаат 50 отсто од сметката за парно.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, откри дека Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов правилник од кој ќе произлезат обврските за граѓаните што не користат повеќе топлинска енергија, а сепак плаќаат за услугата.

В. М.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов