Уставниот суд одлучи: Милошоски не бил политички дискриминиран

Од:

Уставниот суд денеска го отфрли барањето на Антонијо Милошоски кој сметаше дека обвинението против него за случајот Моќник е поднесено од политички причини бидејќи е во опозиција.

Од судот велат дека во конкретниот случај подносителот истакнува барање за заштита на слободи и права, a како акт со кој му биле повредени слободите и правата приложи обвинителен акт и решение со кое обвинителниот акт бил одобрен во целост, меѓутоа Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка.

„Имајќи го предвид погоре изнесеното и според означената одредба од членот 51 од Деловникот, Судот одлучува за заштита на слободи и права повредени со конечен или правосилен поединечен акт, како и имајќи ја предвид одредбата од членот 52 од Деловникот, според кој во барањето од членот 51, потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд, а во конкретниот случај обвинителниот акт што со овој предмет не е случај. Судот утврди дека не се исполнети процесните претпоставки од наведените одредби од Деловникот на Уставниот суд, за мериторно постапување и одлучување по барањето за заштита на слободите и правата“, велат од Уставен суд.

Подносител на барањето: Антонијо Милошоски од Кичево, застапуван од Петро Јанурa, адвокат.

Би можело да ве интересира

Милошоски: 650.000 граѓани се затворени во Република Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милошоски: Власта ја загрозува европската перспектива

Милошоски: МНР наместо да ја промовира Македонија се злоупотребува за рекламирање на министерот Османи

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Милошоски: Царовска да ги послуша родителите, квалитетно образование мора да има

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Случајот со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта