• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Уставен суд в среда ќе го оценува планот за деветкатницата пред „Мајчин дом“

by А1он28/10/2018 - 16:33189
Share0

Уставниот суд в среда ќе ја оценува законитоста на планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред „Мајчин дом“. Одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за седницата на Уставниот суд в среда.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин во неколку наврати досега посочи дека единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“ со оценување на законитоста на планот и негово поништување. Градоначалникот Марин му замери на Уставниот суд кој со месеци не расправал по претставката од Аеродром за планот И 10.

Планот беше донесен во април 2017 година, без јавна дебата и со бројни забелешки од жителите.

Овој план на просторот пред „Мајчин дом“ предвиде изградба на деветкатница. Аеродромци се кренаа на протести пред две недели кога инвеститорот Фатмир Етеми го огради градилиштето и почна со подготовки за градење на деветкатницата откако добил одобрение за градење од Општина Аеродром.

На барање на жителите Општина Аеродром изминативе две недели преговараше со инвеститорот за трајно стопирање на градбата. Се разговарало за обесштетување со одобрување на нова локација или пак со пари. Нова соодветна локација не успеале да најдат ниту во Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје, а обесштетување со пари би чинело 8 – 11 милиони евра.

Инвеститорот Етеми неделава за „Макфакс“ изјави дека Општина Аеродром нема пари во буџетот за обесштетување со пари. Најави дека ќе продолжи со градење откако ќе се обиде на граѓаните да им објасни дека новиот објект нема да го загрози Аеродром.

Маја Илиевска-Пачемска

aerodrom

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен