Уставен суд ги отфрли иницијативите за распуштање на Собранието

Од:

Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите на претседателот на ДС Павле Трајанов и на Тодор Петров за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Судот, како што појаснуваат оттаму, не навлегува во тоа дали Одлуката е уставна или не, не ја анализира од уставен аспект, сметајќи дека таа се однесува на конкретно Собрание,  а не на собранија воопшто како институции на државен органи и од тие причини ги отфрлени иницијативите.

Судот не влезе во мериторно одлучување за Одлуката, бидејќи не е надлежен за оценка на уставноста на конкретни и поединечни акти.

– Одлуката е конкретен поединечен акт, а не закон, пропис или друг општ акт, кои можат согласно членот 110 од Уставот на РМ да бидат во надлежност на одлучување на Судот, појаснуваат од Судот.

Одлуката за отфрлање на иницијативите е донесена со мнозинство гласови на судиите.

На собраниската седница одржана на 18 јануари 2016 година беше донесена Одлука за распуштање на Собранието на РМ. Во членот 1 е наведено дека Собранието на РМ се распушта, а во членот 2 дека оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на РМ (21 јануари 2016), а ќе се применува од 24 февруари 2016 година.

Трајанов во денешното соопштение до медиумите наведува дека Парламентот на 18.01.2016 година донесе Одлука за негово распуштање, но наместо да стапи во сила веднаш и се спроведат избори во рок од 60 дена, примената е одложена  да стапи на сила на 24 февруари, односно 60 дена пред изборниот ден за 24 април, за кога само начелно се закажани предвремените парламентарни избори.

– Датумот не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на одржување на избори, се додека не се исполнат сите услови, вели во соопштението Трајанов.
Судот денеска поведе постапка за член 36, став 2, алинеја 3 од Законот за административните службеници со кој се предвидува „кон пријавата кандидатите задолжително да ги прикачуваат докази за податоци внесени во истата во скенирана форма. Меѓу доказите кои ги приложуваат е доказ за неизречена казна – забрана на вршење на професија, дејност или должност“.

Судот смета дека не треба да се бара од физичкото лице да приложува докази, туку органот сам треба да си прибавува.

На денешната седница не е поведена постапка по иницијативата поднесена на Законот за заштита на децата. Беше оспорена одредбата која го предвидува правото за детски додадок на мајките за трето живородено дете. Според законската одредба, ова право не може да се оствари, односно ќе се изгуби ако е веќе остварено доколку не се вршат задолжителните вакцинации на детето согласно Законот. Оваа одлука е донесена со мнозинство гласови на судиите.

Судот не поведе постапка ниту за иницијативата поднесена на Одлуката за употреба на знамето на албанската етничка заедница во јавниот и службениот живот на територијта на општина Кичево, донесена од Советот на општината на 25 јуни 2013 година.

Судот не поведе постапка, бидејќи Одлуката на Советот на општина Кичево е во согласност со законот.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on