Условни казни од шест месеци и една година за двајца демонстранти

Од:

Условни казни од шест месеци и една година им изрече денеска Кривичниот суд на Н.А. и Ф.Н. обвинети за кривичното дело „учество во толпа“, поврзано со протестите кои се одржаа пред Народната канцеларија на претседателот на Репубика Македонија.

– Двајцата обвинети, како што самите се произнесоа во судница, доброволно, свесни за правните последици и неприсилени од никого, ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар, па Судот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности за двајцата обвинети, донесе пресуда врз основа на признание на вина со што двајцата ги огласи за виновни, соопшти Основниот суд Скопје 1.

На обвинетиот Н.А. му е изречена алтернативна мерка – условна осуда во траење од шест месеци затвор, која казна нема да се реализира доколку во следните две години не стори ново кривично дело.

На обвинетиот Ф.Н. му е изречена алтернативна мерка – условна осуда во траење од една година затвор, која казна нема да се рализира доколку во следните три години не стори ново кривично дело.

Судот ја укина мерката куќен притвор за двајцата обвинети.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски