Уште тројца турски државјани обвинети за фалсификување исправа

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што денеска соопштија од Службата за односи со јавноста во Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на пасошка контрола при излез од државава, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од една лабораторија во Скопје.

– Потврдите ги прикажувале како вистински, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведената лабораторија и дека не поседуваат серитфикат за негативен ПЦР тест, се појаснува во соопштението од Службата за односи со јавноста во Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски