Уште три деца од „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести

Од:

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција – со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и зголемена температура.

– Сите деца добиле соодветен медицински третман и потребна грижа. Тие се во значително подобрена здравствена состојба. Сите се стабилни, посочи доктор Мемеди.

Појасни дека има уште неколку деца со поблаги симптоми кои вчера биле на преглед на Клиниката, кои добиле само амбулантски третман, пуштени се дома и денеска биле на контрола.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера ја затвори кујната во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, откако голем број ученици се пожалиле на стомачни болки. Вчера до здравствентие власти имаше пријави за влошена здравствена состојба со стомачни тегоби кај девет деца, иако од настава отсуствувале 80-тина деца.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Се прават дополнителни анализи кои не се поврзани со храната и водата од О.У. „Димо Хаџи Димов“

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

Вонредни контроли во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје: Повеќе ученици се пожалија на стомачни болки

Две деца починаа од труење со храна во Турција

А1он

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште