Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери

Од:

Минува и вториот ден, а и натаму нема информации за Лидија Трјковска од Јурумлери за која семејството вчера пријави дека исчезнала во утринските часови. Од тогаш и се губи секаква трага. Од домот излегла без телефон и без документи.

Денеска нема нови информации околу потрагата. Семејтовото добило неколку јавувања од луѓе кои мислеле дека ја виделе жената, но излегло дека се препознале.

– Исчезната е мајка ми, последен пат видена на автобуска на Јурумлери, носи зелен дуксер со црни шари бели фармерки и црни чизми. Доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208, напиша нејзината ќерка Мартина во објавата за исчезнувањето.

Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција – кажа Мартина.

За исчезнувањето на Лидија објави и нејзиниот брат, Аце Јоциќ.

Денеска нема никакви нови објави и детали кај членовите на семејството.

Би можело да ве интересира

Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

Се бара 80-годишната Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Потрага на хрватската полиција, исчезна девојка во Водице

Пронајдена е 14-годишната Клара

Исчезната е млада скопјанка, семејството бара помош

Катерина Ѓуровски