(ВИДЕО) Уште невлезена во Апелација, членот на Судски кој ќе треба да проверува за Мијалков: Нема да направиме нешто што не е направено

Од:

Од 13 членови на Судскиот совет, само еден се јави за збор на седницата која претседателката Весна Дамева ја нарече „итна“, се одржа за укинувањето на пресудата со која се ослободува Сашо Мијалков. Судијата Сашко Георгиев единствен кој крена рака за да земе збор, кажа дека треба да се испита зошто година дена се држел предметот „Таргет-тврдина“ во фиоките на Апелација. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет, кој треба да го провери предметот, кажа дека тие сега нема да направат ништо што не е направено.

„Во делот зошто е укината пресудата, ние немаме можност ниту право да се впуштиме во таква дискусија и да оценуваме причини. За мене симптоматична се некои работи кои би сакал да ги запознаеме односно да ги утврдиме, детектираме од кои причини во изминатиот период, овој предмет не бил ставен за постапување, решавање. Ние треба да утврдиме дали во тој дел е во ред, за да немаме никаква доза на сомнеж, да го утврдиме и испитаме како Судски совет“, кажа Георгиев.

Сега, членовите на Судскиот совет освен „Таргет-тврдина“, бараат испитување и на предметите „Трезор“ предмет каде исто така е ослободен Мијалков, „Транспортер“ каде првостепено осуден се јавува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и „Алфа“ за убиството на полицајките кај ПМФ.

Тања Чачарова-Илиевска, Мирјана Радевска-Стевкова и Мери Радевска ќе бидат судиите кои ќе остварат работна посета. Чачарова-Илиевска кажа дека работата на Апелација редовно се следи.

„Имаме вршено работни посети, ги следи работите во судот, добиваме месечни извештаи. Ова го кажувам како појаснување. Работната група нема да направи нешто што не е направено. Редовно се следи. Ја знаеме и причината поради немање на можност на судиите, генерално, да го совладуваат приливот на предмети кои го добиваат. Апелација-Скопје има најсложени и најголем обем на предмети. Знаеме каква е состојбата со бројката на судии. Тоа се факти кои не можеме да ги премолчиме. Колку траат постапките, во голема мера зависи од овие факти. Во конкретниот случај, што би вршела работната група во контрола надзор, над што? На траењето на судската постапка? Треба како паралела да се земе колку тој судечки совет имал предмети, колку решил, дали имало намерно одолговлекување или состојбата во зависност од приемот на предмети, се одлучувало? Тоа можеме да го утврдиме со посетата. Од нашата контрола може само тоа да произлезе, да видиме на судечкот совет, број на предмети, број на решени, динамика и да видиме дали има намерно одолговлекување“, кажа Чачарова-Илиевска.

На ова, претседателката Весна Дамева рече: „Јас сметам дека по оние информации излезени во јавноста, сметам дека Судскиот совет има надлежност да провери дали тој совет дал приоритет на други предмети, дали се одолговлекувала постапката, дали постапувал судија кој исполнувал услови за старосна пензија.. Токму поради тоа барам работна посета. И не само за овој предмет, туку за останатите два“, кажа Дамева.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ