Уште непочната власта ја затвора А3?

Од:

Советот за радиодифузија во четврток најверојатно ќе ја одземе дозволата за реемитување на австралиската телевизија БОМ која во иднина требаше да биде преименувана во А3, дознава А1 од извори во Советот. Точката на дневен ред за преиспитување на начинот на кој оваа телевизија емитува програма во Македонија е веќе ставена на дневен ред. Формално, како подносител на иницијативата се појавува извесен П. Николов, кој во претставката до СРД навел дека дозволата на БОМ треба да биде одземена бидејќи телевизијата работи без регистрација, а фирмата сопственик била банкротирана.

Во СРД мнозинство се членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, вкупно осум од 15, па се очекува одлуката да биде донесена без проблем.

Според најавите, проектот А3 телевизијата требаше да стартува со емитување на вести и друга програма од денеска, но од непознати причини беше соопштено дека стартот се пролонгира на неодредено време.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат