Уште една акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Од:

Членови на Нуркачкиот центар „Акватек“„ од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад, последица на негрижата на поединци кон природата.

Исчистено од отпад е дното на езерото во крајбрежниот појас на потегот кај плажата „Свети Стефан“, каде се собрани повеќе автомобилски гуми, пластични чаши и шишиња, фрлени лименки, најлонски кеси.

Никола Паскали од „Акватек“ повика на поголема свест кај граѓаните за потребата од зачувување на животната средина и поодговорен однос кон природата.

Нуркачите од Охрид редовно спроведуваат слични акции долж целото крајбрежје на Охридското Езеро, при што е извадени поголеми количини најразличен цврст неразградлив отпад.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван