Уште еден во низата инфраструктурни проекти, привршува асфалтирањето на новопроектираната улица во Стар Аеродром

Од:

Новите улици и сообраќајници во Општина Аеродром се инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми. Деновиве, привршува првата фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица 5 во Стар Аеродром, со што граѓаните кои живеат во овој дел од општината, веќе имаат полесен пристап до своите домови.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки.

„Реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на Општина Аеродром е исполнување на уште едно барање на граѓаните. Паралелно нови инфраструктурни проекти се изведуваат на неколку локации во општината. Градежните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период и со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром“, велат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром