Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

Од:

Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне, и ова е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72 – годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.

– За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.

Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика, и покрај сите преземени интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смртта.

Во изјава за медиумите, Цана информираше дека до денеска, на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од клиниката.

– Моментално на клиникава се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се клинички суспектни на Западен Нил невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти Цана.

Во моментов, најмладиот пациент на клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.

Во Одделот за интензивна нега, со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти. Сите се во напредната возраст, повозрасни.

Би можело да ве интересира

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска

Аларм во Европа: Над 1.000 случаи на вирусот западнонилска треска, погодени 15 земји

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он