Уште две училишта пријавиле закани за бомби, вкупно четири училишта евакуирани

Од:

По дојавите за поставени бомби утрово во две училишта, МВР добило пријава за бомби во уште две училишта. Учениците се евакуирани од сите четири училишта и се прават антитерористички проверки.

„Денеска во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Ова е трета недела со дојави за бомби во средни училишта во Скопје. Сите досегашни дојави МВР утврди дека беа лажни.

Би можело да ве интересира

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Бомби и муниција чувал дома жител на скопско Идризово

А1он

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Лажни дојави за бомби во средни училишта во Скопје

Катерина Ѓуровски