Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана e 15-годишна девојка

Од:

Петнаесетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлени е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди в.д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик.

Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

– Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактница. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман, изјави Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе.

Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Затворените хируршки сали на Клинички двојно ги зголемија итните случаи во „Св Наум Охридски“

ВИДЕО: Стара Градска затрупана со пациенти, маските под брада, температура се мери на секој трет

Единствениот центар за изгореници во Македонија три години беше магацин, сега е градилиште

Маја Илиевска-Пачемска