Уште четири дена за пријавување на спорните гласачи

Од:

19.август е крајниот рок за пријавување во Државната изборна комисија на спорните гласачи во Избирачкиот
На 26.јули беа објавени имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список, а заклучно до вчера се пријавиле вкупно 5.022 граѓани, што се смета за мала бројка.

Според ДИК, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Најмногу пријавени граѓани има во Чаир – 907, во Сарај – 571, во Тетово – 501 и во Куманово – 453. Намалку пријавени има во Пласница, Василево и Градско – по 2, а до ДИК не се пријавил ниту еден граѓанин од повеќе општини, меѓу кои и Неготино, Пехчево, Зелениково, Кривогаштани, Демир Капија.

Пријавувањето се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот.

По истек на овој рок, ДИК за 10 дена треба да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори