Уредникот на „Дневник“ поднесе оставка

Од:

Зоран Андоновски, главниот и одговорен уредник на  „Дневник“,  си поднесе оставка.

Андоновски вели дека не си заминува од компанијата MПM, а за неговиот понатамошен работен ангажман ќе причека да одлучи менаџментот во понеделник.

„Оставката ја поднесов од професионални причини, бидејќи не можев да го водам весникот како што јас сметам дека е потребно. Официјално, од денеска сум на годишен одмор“,  изјави Андоновски за „Плусинфо.

Во новинарските кругови, веќе неколку месеци се шпекулираше дека Андоновски не се согласува со уредувачката политика.

Според информациите од новинари од весникот, чашата ја прелеало повлекувањето на текст за штрајкот на лекарите од повисоки структури.

Зоран Андоновски има долгогодишен новинарски стаж.

Бил новинар, уредник, постојан дописник  од Атина за „Нова Македонија”, работел во канцеларијата на Светската банка како советник за односи со јавноста и комуникациии  како менаџер за комуникации во проект на УСАИД.

Од март месец оваа година , при новинарските и уреднички трасфери и турбуленции  доаѓа на функцијата главен и одговорен  уредник на „Дневник“.

Во мај месец, избувна аферата кога олицијата го бараше  актуелниот главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“, Зоран Андоновски, во просториите на „Нова Македонија“ каде до пред извесно време работел.

Тој заедно со друга новинарка беше тужен од Васил Пишев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ  од Струмица.

Во „Дневник“, нема се уште информација за смената, а во импресумот, се уште стои името на Зоран Андоновски како главен и  одговорен уредник.

 

 

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество