Уредено игралиштето во дворот на училиштето „Фаик Коница” во кумановско Оризаре

Од:

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) го уреди игралиштето за деца во дворот на училиштето „Фаик Коница” во кумановското село Оризаре, а воедно деновиве младите го разубавија со цртежи и дворот на Мулти култи.

Акциите се дел од иницијативата Мрдни со прст: Младинско вклучување за локалните проблеми во Кумановско.

Ивана Стојчевска од ЦИД информираше дека иницијативата за креирање игралиште за деца во дворот на училиштето „Фаик Коница” ја дале и учествувале жителите на село Оризаре, додека иницијативата за уредување на дворот на Мулти култи потекнала од младинските волонтери и вработени во ЦИД.

Од ЦИД соопштија дека Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ во насока на младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово претставува збир на неколку иницијативи кои се одвиваат во три општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Активностите се фокусирани на ангажирање на младите луѓе кои се подготвени да придонесат и направат позитивни промени за своето општество и нивната заедница. Центарот за интеркултурен дијалог е вклучен во кампањата „Мрдни со прст“, чија главна цел е да поттикне акција и активно учество на луѓето во решавање на нивните важни социјални и општествени прашања.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он