Уредени 180 метри од кејот на Липковка во Куманово

Од:

Вкупно 180 метри од кејот на реката Липковка се уредени со проектот за регулација на речното корито што почна од средината на јули годинава.

Како што информира денеска секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска, работите стартуваа од вливот на Којнарка и Липковка, а досега се завршени 180 метри.

– Во првата фаза од проектот се очекува да бидат завршени 400 метри, а во наредниот период вкупно 1,8 километри. Проектот е поддржан од УНДП преку Јапонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово одвоиjа по 200.000 евра, рече Алексовска.

Со проектот е предвидено продлабочување и проширување на речното корито, како и поплочување со камења за намалување на можноста за излевање на реката и поплавување на домовите на жителите кои живеат покрај речното корито, претежно социјално ранливи категории граѓани.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он