Уредени 12 илјади метри квадратни зеленило во Скопје

Од:

Екипи на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ подигнаа и уредија четири зелени површини во главниот град.

На булеварот „Свети Климент Охридски“, пред зградата со број 54 е уреден зелен плоштад на површина од 800 метри квадратни. Поставена е хидрантска мрежа од 150 метри, четири шахти, три хидранти и 12 прскалки.

Зелен плоштад е уреден и на улицата „Лазар Личеновски“ под Кале, на површина од 819 метри квадрати. Поставени се хидрантска мрежа од 20 метри, седум шахти, четири хидранти и 17 прскалки.

Уредено е и зеленило од 5.684 метри квадратни меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Лазо Трповски“. На оваа зелена површина е поставена хидрантска мрежа од 450 метри, 11 шахти, осум хидранти и 74 прскалки.

Јавна зелена површина е уредена и на булеварот „Крсте Мисирков“, до Младинскиот културен центар (МКЦ). На оваа локација, на површина од 4.585 метри квадратни е поставена хидрантска мрежа од 100 метри, седум шахти, пет хидранти и 47 прскалки.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош