Урбан велосипедски полигон за деца во парк „Македонија“

Од:

Град Скопје во соработка со Стопанска банка ја почна изградбата на урбаниот велосипетски полигон за деца во првиот дел на парк „Македонија“.

Идејниот проект за урбаниот велосипетски полигон за деца, како што информираат од Град Скопје, е од едукативен карактер, односно децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила.

Велосипетскиот полигон за деца е со површина од 660 кавадратни метри, со должина на патека од 270 метри и урбана опрема: бампери, рампа, паркиралиште за велосипеди, нишалки, лизгалки, дрвена куќарка, површини исополнети со песок, клупи за седење, пикник маси и корпи за отпадоци.

Велосипетската патека за деца, којашто ќе биде со должина од 270 метри ќе биде широка 120 сантиметри, којашто од двете страни ќе има тротоар од по 50 сантиметри за нивните учители, помагатели.

Urban-velosipedski-poligon-za-deca

Подлогите за возење на патеката ќе бидат од три различни типови, односно најдолгиот потег е од лиена гума, на бетонска подлога во широчина 120 сантиметри, со калдрма од двете страни по 50 сантиметри, коишто симболизираат тротоари, вториот потег е калдрма, а третиот потег е од дрво, односно дрвено мовче.

Со ваквата комбинација на матријали за подлога ќе се подготват идните велосипедисти за возење на различен терен.

Во тревните површини околу паркингот за велосипеди и зоната со нишалки ќе се постават 12 клупи за седење, 4 сетови од пикник маси и клупи за седење и корпи за отпадоци.

Во изградбата на овој едукативен полигон ќе се користат еколошки материјали, информираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето