Ураганот Ирма им го однесе домот на Карибите на штипското семејство Шутеви

Од:

Штипјанката Билјана Шутева заедно со нејзиното семејство остана без дом откако ураганот Ирма ја урнал зградата во која живееле во Филисбург на Холандските антили на Карибскиот архипелаг.

Нејзиниот чичко Ангел Шутев од Штип изјави дека тие во моментот се згрижени во импровизирано прифатилиште и оти роднините бараат начин како да им помогнат кога ќе се отвори аеродромот за да се вратат во Штип.

– Ветрот кој дувал 290 километри на час им ја урнал зградата. За среќа таа, нејзиниот едногодишен син, сопругот, но и нејзините родители и сестра, кои биле кај нив на гости, биле засолнети во подрумскиот дел од зградата, изјави Шутев.

Тој додаде дека разговарале со Билјана која ги информирала дека се живи и здрави, но оти ураганот им уништил се.

Би можело да ве интересира

Обезбедувањето на болницата на карипскиот остров Мартиник нападнато со киселина

А1он

Само вакцинираните против коронавирус се евакуираат пред ерупција на вулкан на Карибите

Жарко Настоски

Пандемијата е причина за 34 милиони нови невработени во Јужна Америка и на Карибите

Ана Ололовска

ВИДЕО: По силниот земјотрес на Карибите, нема посериозни оштетувања, ниту повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луксузна јахта удри во пристаниште на карипски остров