Управниот суд ја отфрли тужбата на СДСМ

Од:

Управниот суд како беспредметно го оцени барањето на СДСМ за времено стопирање на верификацијата на пратеничките мандати.

На официјалната страна на судот стои дека тужбата е недозволена а на правниот застапник на СДСМ му дава рок од 15 дена одлуката да ја обжали до Вишиот управен суд.

Во образложението на Управниот суд стои и дека за Роза Топузовска-Кареска адвокатот кој ја застапува опозицијата нема уредно полномошно па затоа тужбата е отфрлена како неуредна.

„Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи, за кои врз основа на уставните овластувања директно одлучува Собранието“, стои во судската одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски