Управниот суд ги разгледа сите тужби, се чекаат одлуките

Од:

Управниот суд денеска ги разгледа преостанатите три тужби на одлуките на ДИК, две поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и едната од ВМРО-ДПМНЕ.

Тужбите на јавни седници ги разгледуваа три посебни совета од по петмина судии.

Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Одлуки за овие две тужби Судот треба да ги донесе вечерва и да ги објави на својата веб-страницата.

Рокот за донесување на одлуките по тужбите кои беа разгледувани денеска истекува утре напладне, односно најдоцна 24 часа по расправата. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Би можело да ве интересира

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

Ана Ололовска

Управен суд: Владата погрешно ги поништила решенијата на Чулев во МВР

Ана Ололовска

Судијата Шахини е обвинет за штета на буџетот од 198 илјади евра за предметот со денационализација

Васко Маглешов

Апелација ја одби жалбата на СЈО за судиите од Управен

Ана Ололовска

Управниот суд одби 15 тужби за вториот круг од изборите, за 16-та се уште одлучува

Ана Ололовска

Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Ана Ололовска