Судијата Шахини е обвинет за штета на буџетот од 198 илјади евра за предметот со денационализација

Од:

Управниот судија Мустафа Шахини, наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетил буџетот за 197 илјади евра. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска му поднесе обвинение.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат презел дејствија и ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во oставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958.49 м2. Иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација.

„Во меѓувреме обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација, а по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат. Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот“, соопшти Обвинителството.

Според Обвинителството од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, обвинетиот судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал предметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник, адвокат на тужителите, не смеел да постапува и бил должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, но тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите.

Иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејствија во предметот, Шахини оневозможил Државното правобранителство да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Откако добил одговор само од претседателот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, обвинетиот како претседател на совет, судија, писмено го известил полномошникот на тужителите барајќи да се произнесат по повод решението, на што полномошникот на тужителите до Управниот суд доставил поднесок со кој ја проширува тужбата и кон решението на Комисијата и бара Управниот суд да донесе одлука во корист на тужителите. Обвинетиот иако бил должен, тужбата да ја достави на одговор до надлежното Државно  правобранителство за подрачје Струга, не ја доставил, туку, во рок од три дена донел пресуда.

Злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, спротивно на законските одредби предметниот недвижен имот, крајбрежен појас, плажа во Струга, со пресуда го вратил во приватна сопственост на барателите иако земјиштето претставува јавно добро и не смеело да биде вратено во приватна сопственост, дотолку повеќе што за него веќе бил утврден и исплатен надомест на правниот претходник на тужителите уште во 1987 година.

Во исто време, за недвижен имот со површина од 171 м2 крајбрежен појас што не смее да биде вратен во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на РСМ., обвинетиот не доставил примерок од пресудата до надлежното Државно правобранителство заради право на жалба.

Како последица на тоа надлежното Државно правобранителство од Струга не поднело жалба, а обвинетиот со својот потпис овозможил пресудата да стане правосилна и врз основа на неа барателите да се впишат како сопственици на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности.

Само по десетина дена тие склучиле договор за купопродажба на предметниот имот со познаник на обвинетиот. Со ваквите дејствија обвинетиот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување ги оштетил имотот и интересите на РС Македонија и нанел штета на Буџетот во значителен износ од 12.164.413 денари.

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден и е изречена привремена мерка забрана за отуѓување.

Би можело да ве интересира

Управен суд пресуди во полза на Академија зa судии и јавни обвинители, ја поништи одлуката на Антокорупциска

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Шаќири за пресудата за надлежностите за тетовската гимназија: Управниот суд во една година донесе две спротивни одлуки

Судски совет: Актите донесени во време на Георгиев не се ништовни, Управен суд не ја доведе во прашање нивната законитост

Александар Тодески

Дамева: Се надевам дека пресудата на Управниот суд е почеток на враќањето на довербата во судството

Судски совет два часа ја дебатира пресудата за враќање на Дамева на претседателското место