Управата за финансиска полиција извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти за технички преглед

Од:

Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „проневера во служба“, Управата за финансиска полиција во периодот од март до август годинава извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти, регистрирани за вршење дејност „технички преглед на секаков тип моторни возила“, кои средствата наплатени по основ на комунална, еколошка и патна такса, не ги уплаќале на сметка на државните институции, организации и здруженија, информираше денеска директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Од извршените проверки и контроли констатирано е дека одговорните лица, во правните субјекти за вршење технички преглед, не ги уплаќале законските обврски за наплата во име и на сметка на државните институции, организации и здруженија, по основ на комунална, еколошка и патна такса, надоместок за Црвен крст, како и надоместок кон Буџетот на државата.

– Средствата тие ги задржале на сметките и во корист на правните субјкети, преку кои ја обавуваат дејноста. Износот на паричните средства, кои од страна на правните субјекти за технички преглед, биле наплатени од правните и физички субјекти при регистрација на моторни возила, воопшто не е уплатен на сметка на соодветните државни институции, со што била предизвикана вкупна штета на буџетот на овие институции и организации во износ од над 189 милиони денари, изјави Муареми.

Техничките прегледи, појасни тој, покрај фактот што во име на други државни институции, организации и здруженија од физички и правни лица ги наплатиле, тие средствата наместо да ги уплатат на сметка на државни институции, ги задржале на своите сметки.

– По извршената интервенција од Управата за финаниска полиција, голем дел од правните субјекти за технички преглед извршиле уплата на паричните средства во вкупен износ од над 85 милиони денари на буџетски сметки на Република Северна Македонија, а исто така, за дел од неуплатените парични средства во висина од 14,9 милиони денари склучени се договори за плаќање на рати, изјави Муареми.

Би можело да ве интересира

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

А1он

Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Вработен во прилепската болница украл 35 илјади евра: парите ги вратил, осуден е условно

Катерина Ѓуровски

Финансиската полиција поднесе кривична за градоначалникот на Росоман

Горан Наумовски

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница